MX - Radio е радио станица која емитува сигнал на
подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.
Уште од првото вклучување и испраќање на првиот сигнал во далечната
1997година, како аматерска радио станица, стремежот беше да се постигне
нешто до перфекција.
Започнавме со опрема која не задоволуваше ниту 1% од тоа што требаше
да биде.
Но со добивањето на концесија, односно дозвола за работа, тоа
го свативме дека една права радио станица треба да изгледа баш како
нашата.
Сега МХ - Радио прерасна во професионална радио станица со професионалци
и професионална опрема.
Кога спомнуваме професионална опрема подразбираме опрема како што
е R.V.R., DB Electronica, SONY, VISION, D&R, TASKAM и многу
други познати светски брендови.
Сите овие фирми се застапени во предавателниот и во техничкиот
дел на оваа радиостаница.
Можеме да се пофалиме со најголема слушаност во овој регион.
Приоритет на нашата радио станица е да шириме култура, едукација
и забава.
Со успешната работа стигнати сме до ова ниво на развиеност, без
никакви донации на невладини или владини организации и сл. Тоа покажува
дека сме либерална и непартиски обоена радио станица.
Можеме да се пофалиме дека колеги од Дојче Веле - Холандија беа
присутни во нашите простории и дека сликаа да покажат на останатата
екипа каква радиостаница има во Охрид, во Македонија.
Ова горе што го напишавме служи за вас како наш посетител на нашата
веб страна но и за другите радиостаници како репер како треба да
изгледа еден медиум после десет години постоење.
|